Исјановски за „Фокус“: Имав образ и лице да се повлечам од советничката позиција

by Fokus

Директорот на Здравствен дом, доктор Виктор Исјановски се повлече од советничкото место во скопската општина Карпош, каде што беше и носител на листата, потврди тој во изјава за „Фокус“.

„Сакав да и помогнам на општината и успеав во тоа. Имам лице и образ да се повлечам и да се посветам на моите професионалани ангажмани. Јас сум психијатар пред се, директор на Здравствен дом и професор на Медицинскиот факултет. Во план е да реновираме неколку поликлиники и сакам да се посветам во тој дел. Донесов гласови, а сега имам образ да се повлечам, вели Исјановски во изјава за „Фокус“.

Тој уште додава дека не може да извршува и повеќе функции, бидејќи тоа се смета за конфликт на интереси и од таа причина се одлучил за својата професија.

Во текот на вчерашниот ден, од советничката позиција во Град Скопје се повлече и доктор Софија Пејкова, директорка на скопската Клиника за пластична хирургија. И таа, како причина ги наведе професионалните ангажмани.

И.М.

Фото: Телма

 

Поврзани новости