ИСИС се закани со терористички напади на фудбалските стадиони во Лондон, Париз и Мадрид.
Безбедносните служби на овие земји се на готовс по заканата, против стадионите на кои оваа недела се одржуваат натпревари од Лигата на шампионите.
Фондацијата Ал Азаим, медиумски канал кој е одговорен за ширење пораки од терористичката група, се закани со напад на сите четири места на кои ќе се одржи четвртфиналето оваа недела.
Тоа го вклучува стадионот „Емирати“ во Лондон, кој вечерва ќе биде домаќин на Арсенал против Баерн Минхен, и „Сантијаго Бернабеу“ – каде навивачите на Манчестер Сити ќе го гледаат натпреварот против Реал Мадрид.
Објавата споделена од групата во која се вели „убиј ги сите“, ги именуваше и Паркот на принцовите во Париз и Метрополитано во Мадрид – кои се домаќини на утрешните натпревари.
Властите во Мадрид ги активираа сите нивни „системи за предупредување“ и „системи за одговор“ по наводната терористичка закана.