Исходот од постапката за мое разрешување ќе ја одреди иднината на судството, ова е борба на цело судство за независност, порача Беса Адеми

by fokus

Денеска и во периодот кој следи, исходот на оваа постапка ќе ја одреди иднината на нашето судство, порача претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на расправата по иницијативата за нејзино разрешување.

Нејзин правен застапник на расправата е адвокатката, Павлина Зефиќ Јакимовска која правно образложува зошто Адеми не го прекршила законот за Судски совет.

а нас ова не е обична распрва, ова е многу значаен историски ден бидејќи од исходот на постапката ќе се исцртаат патоказите на судството. Ова не е борба на Беса, ова е борба на целокупното судство за неговата независност, рече адвокатката.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости