Исечени 13 дрвја на улицата „Орце Николов“

by fokus

13 високо развиени дрвја утринава беа исечени на улицата „Орце Николов“ во центарот на Скопје. Граѓаните револтирани бараа одговори зошто се сечат и онака малкуте дрвја кои останаа во Скопје.

Од Општина Центар се правдаат дека  сечата е извршена поради потребите на реконструкцијата на улицата која е во втора фаза. Градоначалникот Богдановиќ пак, вели дека дрвјата биле и стари.

-Дрвјата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите. Отстранетите дрва наскоро ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот јавор, кои од наесен дополнително ќе го красат новиот лик на улицата Орце Николов“, рече Богдановиќ.

Поврзани новости