603
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека по дојдавата од локалните власти дека во селото Горно Косоврасти, општина Дебар, мештаните останале отсечени поради големата снежна покривка од 80 сантиметри, патот по неколку часовна работа од страна на нивните екипи бил расчистен и прооден.
Од ДЗС додаваат дека меѓу жителите имало и две возрасни жени, кои примаат дијализа веќе долги години и кои останале заробени во своите домови поради снежаната покривка, но откако патот бил исчистен, пациентите навремено биле пренесени во болницата во Дебар.
Од ДЗС додаваат дека и понатаму будно ја следат ситуацијата со временските услови во земјата и делуваат каде што има потреба.