Николче Николовски (34) од Буково, Битола е исчезнат од својот дом од петокот, кога со автомобил Форд Фиеста, сребрена металик боја, со регистарска ознака БТ 852 ДК, околу 15 часот излегол, по што му се губи траг.
Како штоа раскажува за ,,Фокус” негов близок другар, станува збор за лице кое е повлечно и прима терапија, а исчезнувањето веќе било пријавено во полиција.
-Вчера во осум часот бил забележан во манастир во Новаци, Битолско. Дошол со автомобилот, побарал клуч од манастирот за да запали свеќа. Луѓето од манастирот му отклучиле, тој си запалил свеќа, а потоа заминал. Тие дури два часа откако тој отишол, ја виделе неговата слика на социјалните мрежи, заедно со апелот дека се трага по него. Веднаш ни се јавија, но Николче не го најдовме во близина.
Апелираме до целата јавност, се сомневаме дека можеби е во некој храм, во некој манастир или црква, доколку било кој го забележи, нека се јави во полиција, или пак кај мене на мобилен на 070 360 520, вели неговиот другар Горан.
Појаснува дека Николче до пред некое време работел во ЕВН, бил доста интелигентен, но од пред неколку години се повлекол во себе.
-Тој беше атеист, но кога ни кажаа дека го забележале во манастирот, тоа не наведе да мислиме дека најверојатно се свртел кон верата, дека можеби е заминат во некоја црква, манастир… Кај себе има околу 250 евра, лични документи, средна градба е, висок околу 180 см.
Каде и да се тргнат, можеби ќе запре на некоја бензинска станица, да наполни гориво, да купи храна, апелираме ако биде забележан, веднаш да ни се јави. Не е агресивен, повлечен е, мирен, никогаш не се случило да го нема со денови. Замолуваме да се рашири информацијата, со цел побргу да биде пронајден, порача неговиот пријател.
Вики Клинчарова