Исчезнатиот маж од Македонски Брод е пронајден мртов во шума

by fokus

Исчезнатиот Б.Р. (45) од Македонски Брод, по кого се трагаше неколку дена, е пронајден мртов во шума.

Веста за ,,Фокус” ја потврди негов пријател (идентитетот е познат на нашата редакција), кој пред седум дена на социјалните мрежи ја објави фотографијата и апел за било каква информација во врска со случајот.

Исчезнувањето на младиот човек било пријавено во полиција.

-За жал, го најдовме во планина, обесен на дрво. Млад човек, немаше сопруга и деца, само брат му и татко му ги имаше. Кога објавив дека се трага по него и побарав помош од јавноста, имаше многу злобни коментари, сограѓани несвесни за сериозноста на ситуацијата пишуваа да го бараме во казино.

Вистина е дека тој често свратуваше таму. Ние кои го познававме, мислиме дека токму поради тоа и се случи оваа трагедија, претпоставуваме дека беше разочаран, дека изгубил пари… За жал, потрагата по нашиот сограѓанин заврши со лош крај – ни изјави пријателот на Б.Р. чие тело било пронајдено пред два дена.

Вики Клинчарова

Поврзани новости