Исчезнатата жена од Пршовце се вратила дома

by fokus

Четириест и осум годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце се вратила дома три дена откако во полицијата беше пријавено нејзиното исчезнување.

Братот на жената пријавил во СВР Тетово дека Џемиле е дома и нема потреба да се води како изчезната. Таа од дома излегла во понеделникот 6-ти мај, а во семејната куќа во тетовско Пршовце се вратила во четвртокот околу 11 часот.

СВР Тетово не соопшти детали каде била во текот на трите дена жената за која семејството бараше помош за пронаоѓање со оглед на нејзиното нарушено здравје.

Поврзани новости