Исчезнатата Викторија по седум дена се врати дома

by fokus

15-годишната Викторија од Суводол, која последен пат беше видена пред средното медицинско училиште во Битола, во текот на вчерашниот ден се вратила дома.

 

„На 08.11.2018 година околу 16.00 часот во Полициската станица Демир Хисар, С.Н. од село Суводол пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка, која беше пријавена за исчезната на 02.11.2018 година, се вратила дома во село Суводол“, пренесуваат од МВР.

Засега не е познато каде девојчето било седум дена.

Поврзани новости