„Исчезна“ рускиот конвој долг 64 километри

by fokus

Со привремено расчистување на облаците околу главниот град на Украина, новите сателитски снимки направени вчера покажуваат дека рускиот воен конвој северозападно од Киев, кој се протегаше на повеќе од 40 милји (повеќе од 64 километри) „во голема мера се распрсна и прераспоредува“, велат од Maxar Technologies.

Сателитските снимки покажуваат дека делови од конвојот се „репозиционирале“ во шуми и области со дрвја во близина на Лубјанка. Сателитските снимки се направени во четвртокот во 11:37 часот по киевско време (4,37 часот по средноевропско време).

Веднаш северно од воздушната база Антонов во Хостомел се гледаат руски воени возила како стојат на патиштата во населби во градот Озера – 17 милји северозападно од Киев.

Влечена артилерија и други возила се гледаат како се прикриваат во области со дрвја во близина на Лубјанка.

Во Берестјанка  голем број камиони со гориво и, како што вели Максар, се чини дека се повеќе ракетни фрлачи се забележани позиционирани на поле во близина на дрвја.

Југоисточно од Иванкив – крајот на она што некогаш беше конвојот долг 64 километри – голем број камиони и опрема сè уште се гледаат на коловозот.

Поврзани новости