160
Маж на возраст од 59 години бил пријавен за исчезнат во СВР Велес вчера во 19 часот.
Исчезнувањето во полиција го пријавил неговиот внук, кој појаснил дека вујко му со иницијали Д.П. живеел сам.
Кога последен пат бил забележан исчезнатиот велешанец и дали евентуално имал здравствени проблеми, засега нема официјална информација.
Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија настанот и истакнаа дека истрагата е во тек и се превземаат сите мерки за пронаоѓање на лицето.
Вики Клинчарова