560
Американската крајбрежна стража трага по 39 лица кои исчезнаа откако мал брод се преврте во близина на брегот на Флорида.
Во бродот што пловел од Бахамите најверојатно имало мигранти, јавија американските медиуми.
Активист спасил човек од чамецот на околу 72 километри источно од Форт Пирс. и потоа ја алармирал крајбрежната стража, која почнала потрага по море и воздух во зона долга двесте километри.
Мигрантите често ги користат Бахамите како почетна точка во нивните обиди да стигнат до Флорида, обично со пренатрупани и небезбедни чамци и мали бродови. Илјадници луѓе загинаа низ годините на оваа опасна рута. Повеќето од мигрантите се од Куба и Хаити, но од неодамна има и Колумбијци и Еквадорци.