Исчезна 13-годишно момче од Шуто Оризари

by Fokus

Полицијата трага по малиот Н.С. од Шуто Оризари кој е пријавен за исчезнат. Како што информираат од МВР, станува збор за 13 годишен тинејџер, кој е пријавен од неговиот згрижувач, дека исчезнал.

– Денеска (09.03.) во 04.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот штитеник Н.С.(13) од Скопје, се оддалечил од семејниот дом – пишува во билетенот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани новости