Во серија бомбашки напади што денеска го потресоа Египет, беа нападнати коптски православни цркви при што загинаа 36 луѓе, а во еден од нападите патријархот на Коптската православна црква служел литургија во текот на нападот, но е неповреден. Денеска Коптската црква, како и другите православни цркви го празнуваа Цветници.
Одговорноста за нападите ја превзеде теорористичката организација Исламска држава.
Првиот напад со бомба беше во коптската православна црква градот Танта близу Каиро, каде загинаа најмалку 25 луѓе, а повеќе од 70 се повредени. Потоа уследи уште една експлозија во градот кај полициската станица, но нема информации за жртви или ранети.
Неколку часа подоцна силна експлозија го потресе милионскиот град Александрија на брегот на Средоземното Море, предизвикана најверојатно од бомбаш-самоубиец што експлозивот го детонирал блиску влезот на црквата во која литургија служел коптскиот патријарх Тавадрос Втори. Во тој напад загинаа 11 луѓе, а околу 40 се повредени.
Потоа, според египетските медиуми, во Александрија избувнала уште една експлозија.
Египетската државна телевизија „Ал Арабија“ потсетува дека коптските христијани, сочинуваат 10 отсто од 85 милионското население на Египет.
Египетските исламисти во последните години честопати вршат терористички напади врз христијаните.
Во напад извршен од Исламска држава во декември, загинаа 30 луѓе, кога бомба експлодираше во Соборната црква во Каиро.
Извор: Мета