Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, во видео порака дава целосна поддршка Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Тој во пораката нагласува дека ЕУ го штити и почитува националниот идентитет на земјите членки, говори и за економскиот развој и придобивките кои неговата земја ги има како членка на ЕУ.
Варадкар објаснува дека од релативно сиромашна држава пред 15 години, Ирска како членка на Унијата успеала економски да зајакне и да овозможи просперитет за младите генерации во земјата.
„Ирска целосно го поддржува барањето на Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Ние се приклучивме на ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена држава, дури и релативно сиромашна држава, според европски стандарди. Приклучувањето на ЕУ ни помогна да ја трансформираме нашата економија, да ја надградиме, за да можат младите да останат дома и да ги градат своите животи таму, како и да откријат и други можности”, вели ирскиот премиер.
Како што наведува Варадкар, членството на Ирска во ЕУ ѝ помогнало земјата да го заштити својот национален идентитет.