Ирскиот премиер Лео Варадкар најави дека ќе се повлече од лидерската позиција на земјата и како шеф на централнодесничарската партија Фин Гаел, која е дел од ирската коалициска влада.
Тој ќе ја напушти премиерската функција кога ќе се избере нов партиски лидер.
Варадкар изјави дека се повлекува и од лични и од политички причини и дека се уште нема дефинитивни планови за во иднина, но дека ќе остане во парламентот како пратеник „од резервната клупа“.
Тој беше ирски премиер во два наврати. Тој беше првпат на чело на владата од 2017 до 2020 година, а за премиер беше реизбран во декември 2022 година.
Беше најмладиот лидер во земјата кога првпат беше избран, како и првиот премиер на Ирска отворено геј.
„Горд сум што ја направивме земјата порамноправна и помодерна“, напиша Варадкар во писмото за оставка.