Ирска ја осуди „анексијата на паленстинската земја од страна на Израел“

by fokus

Ирската Влада го поддржа парламентарниот предлог со кој се осудува „де факто анексијата“ на палестинската земја од израелските власти, за која тврди дека е прва употреба на изразот од страна на земја од Европската унија во однос на Израел.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковенеј рече дека потегот, предложен од опозициската партија Шин Феин, е „јасен сигнал за длабочината на чувството ширум Ирска“.

– Обемот, темпото и стратешката природа на израелските акции за проширување на населбите и намерите што стојат зад тоа нè доведоа до тоа да бидеме искрени за тоа што всушност се случува на терен … Тоа е де факто анексија“, рече во Парламентот Ковенеј кој е од партијата на десниот центар Фине Гаел.

– Ова не е нешто што јас, или ние, го сфаќаме лесно. Ние сме првата земја во ЕУ што го стори тоа. Но, тоа ја одразува големата загриженост што ја имаме за намерата на акциите и, се разбира, за нивното влијание, рече тој.

Доколку биде усвоен, со амандман ќе се бара Владата да го протера израелскиот амбасадор во Ирска и да воведе економски, политички и културни санкции за Израел.

Партијата на Шин Феин претходно одби да ја поддржи осудата на владата за неодамнешните напади на Хамас врз Израел, а некои од парламентарците носеа маски со палестинско знаме и симболи на седниците.

Поврзани новости