Концертниот спектакл „Фузија“, ќе спои два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија заедно со светски познатата виолинистка Ирина Мурезану.
Виолинистката за првпат ќе настапи во Македонија, а концертот ќе се одржи на 2-ри ноември во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје.
-Романската виолинистка Ирина Муресану ги освојува срцата на публиката и на критичарите со нејзините возбудливи, елегантни и искрени изведби на класичниот, романтичен и модерен репертоар.
Бостон Глоуб ја пофали како „не само виртуоз, туку и уметник“, а Лос Анџелес Тајмс напиша дека нејзиниот „музички сјај, топена лирика и колоритна концепција ја прават изведбата на Ирина Муресану особено восхитувачка“ – велат организаторите на настанот.
Познато е дека Ирина свири на виолина од 450.000 евра. Таа е лауреат и добитничка на главната награда на натпреварите за виолина во Монтреал Интернационал, Вашингтон Интернационал, Про Музицис Интернационал и наградата Кралица Елизабета Втора.
Вики Клинчарова