ИРИ: Заев со поголема доверба од Мицкоски

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ужива поголема доверба кај граѓаните од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува истражување на јавното мислење спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од САД.

На прашањето – на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, 8 отсто од испитаниците во Северна Македонија одговориле „на Зоран Заев“. Втор на листата е Христијан Мицкоски со 7 отсто.

Анкетата, исто така открива дека бегалецот Никола Груевски го дели третото место со доверба од 2 отсто, а другиот е дека за Али Ахмети и за Зијадин Села се изјасниле ист процент од граѓаните – исто така, 2 отсто.

 

Поврзани новости