Актерката, Ирена Ристиќ, предага да се соберат донации за да се плати казната од 200 евра која и е одредена на универзитетската професорка, Мирјана Најчевска, поради фрлање со боја за време на протестите на Шарената револуција. Гестот, вели Ристиќ, би бил симболичен и потсетува дека сегашни функционери исто така фрлаа со боја по државните институции.
Јавноста се уште памети дека кон фасадата на Министерство за правда фрлаше и премиерот, Зоран Заев, а во првите редови секогаш беше и пратеникот, Павле Богоевски.
„Симболике ради, треба да се екипираме ние неколку души и да собереме средства за казната на Најчевска и со свечена церемонија и пренос на тв, да ги уплатиме!
Она не смее денар да плати!
И да ги поздравиме Павле, Рада, Зоки и остали лоши стрелци!“, пишува Ристиќ.