Професорот Љубомир Фрчкоски (65) кој е шеф на Мисијата на Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк и неговата сопруга Ирена, која е правничка по професија, се разведуваат по околу 19 години брак.
Како што дознава „Фокус“ од добро упатени извори, парот се разделил спогодбено и останале во коректни односи.
Ирена останува во Скопје, додека пак Фрчкоски е во Америка, каде замина пред повеќе од една година. Родители се на две деца, син и ќерка.
-Тие заеднички ја донесоа оваа одлука и остануваат во коректни односи. Разводот е спогодбен, сепак Ирена и Љубомир заедно поминаа речиси две децении, и во име на тие заеднички години и убави моменти и спомени кои ги имаат, на достоинствен начин се носат со оваа одлука – вели нашиот извор.
Ирена за „Фокус“ кратко ја потврди веста за разводот и во име на семејството замолува за приватност.
-Точна е информацијата за разводот, ние остануваме во коректни односи во интерес на децата, и замолуваме да се почитува нашата приватност – истакна Фрчкоска.
Ова беше нејзин прв брак, додека пак на Фрчкоски му беше втор.
Тој е универзитетски професор по меѓународно јавно право и политички теории, а во периодот од 1992 до 1997 година беше министер без ресор, министер за внатрешни и министер за надворешни работи.
Му беше и надворешен советник на претседателот Борис Трајковски.
Во 2009 година беше кандидат на СДСМ на изборите за шеф на државата.
Вики Клинчарова