Иранските фудбалери одбија да ја пеат химната на мундијалот во Катар

by Fokus

Иранските фудбалери одбија да ја пеат националната химна пред почетокот на мечот со Англија на Светското првенство во Катар, што се сфаќа како поддршка за антивладините протести во нивната земја. Некои навивачи викаа за време на интонирањето на химната, а други држеа транспарент на кој пишуваше „Жени, живот, слобода“.
Селекторот на Иран, Карлос Кеирос, кажа дека неговите играчи имаат слобода да протестираат.

„Моите играчи смеат да протестираат поради правата на жените во својата земја сè додека не ги нарушуваат правилата на Светското првенство и тоа е во духот на играта“, изјави Кеирос.

Во Иран веќе два месеца се одржуваат протести, кои почнаа откако 22-годишната Махса Амини почина во полициски притвор. Таа била приведена поради наводно непочитување на законите за носење шамија на главата. Активистите за човекови права велат дека досега загинале околу 400 демонстранти.

Поврзани новости