820
Тестовите што иранскиот заменик министер за здравство Ирај Харирчи ги направил се покажале позитивни на корона вирусот.
Иранскиот министер за здравство, Киануш Јаханпур потврди дека Харирчи е позитивен на корона вирусот и се наоѓа во карантин.
Во Иран се починати околу 15 лица како последица на корна вирусот, а потврдени се 95 случаи на заразеност, истакна Јаханпур.
Јаханпур изјави дека многу случаи со коронавирусот се поврзани со шиитскиот верски центар Комо.