0
Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот пејач Амир Хосеин Магсулу (37), познат како Таталу, поради богохулење, објавија денеска локалните ирански медиуми.
„Врховниот суд го прифати приговорот на обвинителот“ на претходната петгодишна затворска казна за кривични дела поврзани со богохулење, објави реформистичкиот весник „Етемад“, пренесе Гардијан.
Наведено е дека случајот против иранскиот пејач е „повторно отворен“, а тој „овој пат е осуден на смрт поради навреда на пророкот Мухамед“.