Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Техеран, по средбата со неговиот ирачки колега Абдел Латиф Рашид рече дека присуството на САД ја загрозува безбедноста во регионот.
Вашингтон и Техеран, заколнати непријатели со децении, се борат за влијание во Ирак од американската инвазија во 2003 година, кога беше соборен и убиен тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин.
„Не мислиме дека присуството на странски сили и странци во регионот е корисно. Присуството на САД ја загрозува безбедноста во регионот“, рече Раиси на заедничката прес-конференција со ирачкиот претседател.
Раиси додаде дека односите меѓу Иран и Ирак се засноваат на заеднички интереси, додека „Американците мислат на сопствените интереси, а не на интересите на земјите од регионот“.
Иако Ирак и Иран водеа осумгодишна војна во 1980-тите, односите меѓу двата доминантно шиитски соседи значително се олеснија по падот на Садам Хусеин и неговиот режим во кој доминираа сунитите.