447
Иран и „слободните земји од регионот“ ќе им се одмаздат на САД за смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, убиен во американски ракетен напад во Ирак, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани, цитиран од француските медиуми.
-Нема никаков сомнеж дека големата земја Иран и другите слободни земји од регионот ќе и се одмаздат на криминалната Америка за ова ужасно убиство, рече Рохани во соопштение објавено на сајтот на владата.
„Маченичката смрт на Сулејмани двојно ќе ја зголеми одлучноста на Иран да му се спротивстави на американскиот експансионизам и да ги заштитува нашите исламски вредности“, уверува иранскиот претседател, цитиран од државната телевизија.