Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долго планираното интервју со ѕвездата на Си-ен-ен Кристијан Аманпур на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во средата, откако таа го одби барањето да носи шамија.
Околу 40 минути пред интервјуто да започне, додека ги чекале претседателот, неговиот помошник и пренел на Аманпур дека претседателот „предложил“ таа да носи шамија. Аманпур „учтиво“одбила.
Аманпур, која има иранско потекло и течно го говори нивниот јазик, дека носела шамија додека известувала од Иран за да ги испочитува локалните закони и обичаи, бидејќи поинаку не можела да си ја заврши задачата. Но, во Америка, таа му одговорила на помошникот на иранскиот претседател дека нема да ја покрие главата за да направи интервју со ирански функционер надвор од Иран, каде што тоа не е потребно.
„Овде во Њујорк, или на кое било друго место надвор од Иран, никогаш не сум бил прашана од ниту еден ирански претседател – а сум ги интервјуирала сите од 1995 година – било внатре или надвор од Иран, никогаш не сум била замолена да носам шамија на главата“, појасни таа. „Многу учтиво одбив во мое име и во име на Си-ен-ен и новинарките насекаде, бидејќи тоа не е услов“.
Иранскиот закон бара од сите жени да носат покривка на глава и широка облека на јавни места. Правилото се спроведува во Иран од Исламската револуција во 1979 година и е задолжително за секоја жена во земјата – вклучително и туристи, политички фигури и новинари.
Аманпур рече дека помошникот на Раиси јасно ставил до знаење дека интервјуто – кое би било прво на иранскиот претседател на американско тло – нема да се случи доколку таа не носи шамија. Тој го нарече тоа како „прашање за почит“, имајќи предвид дека тоа се светите месеци Мухарам и Сафар и се осврна на „ситуацијата во Иран“, алудирајќи на протестите што ја зафатија земјата, додаде таа.
Минатата недела низ Иран избувнаа антивладини протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини додека беше во притвор, откако беше уапсена од иранската полиција за моралот под обвинение за кршење на законот за марами.