Иранскиот претседател: Ако Трамп не плати за убиството на Сулејмани, САД ќе платат

by fokus

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска се закани дека ќе и се одмазди на Америка за атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани пред две години, доколку поранешниот претседател Доналд Трамп не се појави на суд.

Иран и групите поврзани со Техеран во Ирак организираа серија демонстрации во спомен на Сулејмани, поранешен командант на силите Кудс, кои се прекуморска десна рака на Иранската револуционерна гарда, објави Ројтерс.

Британската новинска агенција потсетува дека тој беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад со беспилотно летало по наредба на Трамп.

-Ако Трамп и Мајк Помпео не бидат кривично гонети пред независен трибунал за злосторството против Сулејмани, муслиманите ќе се одмаздат на начинот на кој тоа го прават нашите маченици, рече Раиси во телевизиско обраќање.

Поврзани новости