Иран предупреди дека нападот на САД и Израел врз неговите нуклеарни постројки би бил „лудост“ и би предизвикал „голема катастрофа“ за регионот, објави Скај њуз.
Арагчи го критикуваше американскиот претседател за неговиот предлог за „преселување“ на Палестинците од Газа, сугерирајќи им на Израелците да се преселат на Гренланд.
Арагчи во интервју рече дека Иран јасно ставил до знаење дека секој напад врз неговите нуклеарни постројки ќе биде проследен со „моментален одговор“.
Сепак, тој верува дека САД и Израел нема да го направат „тоа лудо нешто“ затоа што ќе го одведат целиот регион во „голема катастрофа“.
Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирољубива и за цивилни цели, додека Западот, особено САД, верува дека Иран збогатува ураниум за да произведе нуклеарно оружје.
Откако Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор во 2018 година, Иран продолжи со збогатување ураниум.