Ирански војник уби четворица свои колеги во градот Бампур, во иранската провинција Систан-Балучестан.
Шефот на тамошната полиција, Алириза Сехад изјави дека четворица војници ги загубија животите на контролен пункт во тој град, откако друг војник отвори оган, објави денеска иранската агенција „ИРНА“.
Сехад изјави дека напаѓачот е фатен на лице место и предаден на правосудните органи, јави „Анадолија“.
Провинцијата Систан-Балучестан, во која доминираат сунити, во последните денови беше сцена на антивладини протести и интервенција на безбедносните сили со огнено оружје против демонстрантите, додаде турската новинска агенција.
Во последните два месеци во интервенцијата на безбедносните сили против демонстрантите во таа провинција загинаа повеќе од 100 лица, а животот го загубија близу 10 припадници на безбедносните сили.