Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари „на оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јавија американските медиуми, повикувајќи се на иранската полуофицијална агенција Исна.
-Во име на народот на провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари награда во готово на оној кој ќе го убие Трамп“, изјави пред пратениците во иранскиот парламент Ахмад Хамзех, цитиран од иранската агенција.
Хамзех не прецизираше дали одлуката да му се испрати закана на американскиот претседател е донесена од иранските верски лидери, напоменуваат британските медиуми.
Керман, имено, е родното место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад до дрон во близина на аеродромот во Багдад.