Иранскиот министер за внатрешни работи, Ахмад Вахиди, изјави дека еден од хеликоптерите од конвојот со кој патуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, „тврдо слета“, а кон местото на инцидентот испратени се спасувачки екипи.
-Хеликоптерот принудно слета поради лошите временски услови. Ќе биде потребно време за спасувачките тимови да стигнат до местото на несреќата. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информации – посочи Вахиди.
Претходно, претставник на Иранската Црвена полумесечина, Бабак Махмуди, изјави дека се испратени дронови кои ќе помогнат во лоцирање на хеликоптерот.
– Дронови на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило. Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид – додаде Махмуди.
Во меѓувреме, Иранската државна телевизија почна да емитува молитва за претседателот.