Иранската Револуционерна гарда се закани со напади врз американски цели на Блискиот Исток

by vlatko 09:44
09:44

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека ќе изврши напади врз американски локации на Блискиот Исток доколку бидат загрозени иранските танкери, пренесуваат иранските државни медиуми.

Заканата доаѓа во период кога САД очекуваат одговор од Техеран на нов предлог за мировен договор и можно продолжување на примирјето во Персискиот Залив.

Според иранските извештаи, изјавата на Револуционерната гарда следува и по инциденти во кои американските сили наводно нападнале два ирански танкери во Оманскиот Залив.

Иранската страна тврди дека нивната морнарица возвратила на нападите, додека Вашингтон ги обвинува иранските бродови дека ја кршат воспоставената блокада.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува брз одговор од Иран на предложениот договор, додека иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека предлогот сè уште се разгледува.

Слични вести