40
Арапските министри за надворешни работи во понеделник ќе се состанат во Мускат, каде што ќе разговараат за воспоставување безбедна пловна рута меѓу Иран и Оман низ Ормутскиот Теснец, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Пезешкијан рече дека на состанокот треба да се потпише договор за заедничка пловна рута и дека за резултатите од тоа ќе биде известена Меѓународната поморска организација, пренесува Анадолија.
Тој додаде дека на состанокот ќе присуствуваат и претставници на земјите од чии територии САД извршиле напади врз Иран.