Washington Post: Ал Каеда повторно ги активира камповите за обука во Авганистан

by irena 21:31
21:31

Исламистичката терористичка мрежа Ал Каеда повторно воспостави најмалку осум кампови за обука во Авганистан во текот на изминатите три години, искористувајќи го враќањето на Талибанците на власт и безбедносниот вакуум создаден со повлекувањето на американските сили во 2021 година, изјавија за „Вашингтон пост“ (WP) американски и западни разузнавачки претставници, како и претставници на Обединетите нации.

Според извештаите на ОН и безбедносните претставници, терористичкото движење и неговите ограноци воспоставиле најмалку осум центри за обука во Авганистан, додека и други терористички групи, вклучително и огранокот на Исламската држава, исто така формирале нови кампови.

Милитантните исламистички групи сега имаат упоришта во најмалку 14 од 34-те авганистански провинции, според наводите на претставниците, кои – како и другите извори – зборуваа под услов да останат анонимни поради природата на разузнавачките информации.

Слични вести