Иран со предупредување до САД

by fokus

Иран ги предупреди САД да не се обидуваат повторно да го запленат иранскиот танкер со нафта на отворено море, откако тој го напушти Гибралтар, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Според податоците за следење на поморскиот сообраќај, иранскиот танкер испловил од Гибралтар и се движи кон Грција.

Властите на Гибралтар претходно го отфрлија барањето на САД за неослободување на бродот кој е запленет пред повеќе од еден месец поради наводно кршење на санкциите на ЕУ против Сирија.

На прашањето дали САД би можеле повторно да побараат запленување на танкерот откако испловил од Гибралтар, Мусави одговори дека таква евентуална акција „ќе ја загрози безбедноста на пловењето на отворено море“.

– Издадовме предупредување преку официјални канали, посебно до швајцарската амбасада, истакна Масави.

Швајцарија ги застапува интересите на САД во Иран, кој нема дипломатски односи со Вашингтон.

Поврзани новости