362
Властите во Иран ќе поставуваат камери на јавните места и улици кои ќе треба да ги снимаат жените кои не носат хиџаб, а потоа и да ги казнуваат.
Властите велат дека целта на оваа мерка е да се спречи отпорот кон носењето хиџаб, бидејќи според нив, тоа го нарушува имиџот на земјата и шири несигурност.
Од иранската полиција велат дека откако жените ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат СМС пораки на „предупредување за последиците“.
Сè поголем број Иранки го отфрлаат хиџабот по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на „полицијата за морал“ во септември минатата година.