Иран се очекува да изврши напад врз Израел во секој момент, предупредуваат од САД

by Fokus

Израел очекува директен напад од Иран врз јужниот или северниот дел на земјата во следните 24 до 48 часа, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање.

Во извештајот во четвртокот, цитирајќи лице информирано за раководството на Иран, весникот вели дека сè уште не е донесена конечна одлука, иако се разговарало за плановите за нападот.

Американски функционер запознаен со ситуацијата, рекол дека американските разузнавачки извештаи укажуваат на ирански напад во рок од неколку дена, „веројатно на израелска територија“.

Белата куќа претходно објави дека Вашингтон не сака ширење на конфликтот на Блискиот Исток и дека САД му кажале на Иран дека не биле вклучени во неодамнешниот воздушен напад врз главниот ирански воен командант во Дамаск.

Белата куќа, исто така, тврди дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за понатамошна ескалација во регионот.

Од друга страна, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му рекол на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Израел директно ќе одговори на секој ирански напад.

Медиумите објавија и дека посетата на највисокиот американски генерал за Блискиот Исток, армискиот генерал Мајкл „Ерик“ Куриле на Израел е одложена за да може да се сретне со израелското воено раководство и да разговара за „актуелните безбедносни закани“.

Инаку, се наведува и дека Курла во последните месеци редовно патувал во Израел.

САД воведоа ограничувања за вработените во амбасадата во Ерусалим: „Забрането патување“.

Би-Би-Си објави дека САД го ограничиле движењето на вработените во амбасадата во Израел поради страв од напад од Иран. Им беше кажано да не патуваат надвор од областа на поголемиот Ерусалим, Тел Авив или Бир Шева.

Иран вети дека ќе се одмазди за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија во кој загинаа 11 лица.

Поврзани новости