434
Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници во обид да се бори против ширењето на новиот корона вирус во преполните затвори, јави Би-Би-Си.
Портпаролот на судството, Голомхосеин Есмаили, изјави пред новинарите дека на затворениците им дозволено да излезат од затвор откако нивните тестови на Ковид-19 биле негативни.
Сите привремено ослободени затвореници издржуваат полсени пресуди. Затворениците со казна затвор од повеќе од пет години нема да бидат вклучени во програмата.