Иран одби напад со дрон на воена локација во Исфахан

by fokus

Иран ноќеска одби напад со беспилотни летала на воена локација во Исфахан во централниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана.

„Нападот, кој не успеа, беше извршен со беспилотни летала на еден од комплексите со опрема на Министерството за одбрана“, се вели во соопштението и се додава дека во нападот нема жртви.

Како што јави новинската агенција ИРНА, причинета е мала материјална штета „на кров од зграда“.

Министерството соопшти дека системот за противвоздушна одбрана уништил едно беспилотно летало, а дека експлодирале уште две.

„Нападот што се случи во саботата околу 23:30 часот по локално време не предизвика никакво нарушување во работата на комплексот“, се додава во соопштението.

Официјален претставник на провинцијата Исфахан изјави дека истрагата за нападот е во тек.
Властите не соопштуваат детали за активностите во целниот објект.

Поврзани новости