Иран со беспилотни летала и проектили го нападна штабот на милитантната група во Пакистан. Таа група, според Ал Арабија, се спротивставува на Техеран во Пакистан, објави иранската новинска агенција Тасним.
Два „важни штабови“ на Џаиш ал-Адл (Армија на правдата) во Пакистан биле „уништени“. Агенцијата наведува дека нападите биле насочени кон област во пакистанската провинција Белучистан „каде што се наоѓало едно од најголемите штабови на Џаиш ал Адл“.
Џаиш ал-Адл е сунитска милитантна група која дејствува во немирната југоисточна иранска провинција Систан-Балучистан. Таа, наводно, бара поголеми права и подобри услови за живот за етничките Балучи во Иран.
Групата, која беше формирана во 2012 година и која Техеран ја означи како „терористичка“ организација, во текот на годините започна бројни напади врз иранските безбедносни сили.
Минатиот месец Џаиш ал-Адл ја презеде одговорноста за нападот на полициска станица во Систан-Балучистан во кој загинаа најмалку 11 полицајци.
Систан-Балуџистан граничи со Авганистан и Пакистан и има историја на конфликт меѓу иранските безбедносни сили и сунитските милитанти, како и шверцерите на дрога.
Покраината е еден од најсиромашните региони во Иран и е претежно населена со сунитски етнички Балучи, малцинство во претежно шиитски Иран.