Иран најави зголемување на нивото на збогатен ураниум

by lali

Иран денеска ќе објави дека ќе го зголемува нивото на збогатување ураниум на пет проценти, што е над границата од нуклеарниот договор со шесте големи сили во 2015 година.

-Најавата ќе биде дека се зголемува нивото на збогатување на пет отсто од 3,67, како што е според договорот, изјави за западни медиуми ирански официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

Иранската агенција, Фарс, претходно пренесе дека нуклеарниот преговарач Абас Аракчи денеска ќе објави дека Иран престанува да се придржува кон неколку одредби од тој договор.

Денеска истекува крајниот рок што Иран им го даде на европските земји потписнички на договорот за почитување на договореното, откако САД се повлекоа од договорот по сопствена иницијатива и воведоа санкции за Техеран.

Поврзани новости