Сирени за воздушна тревога вечерва се огласија во Израел откако израелската војска објави дека Иран почнал голем ракетен напад.
Иранските државни медиуми објавија дека започнал иранскиот одговор на денешните израелски напади, при што се лансирани стотици балистички проекти.
Ирански проектили се видени на ноќното небо над Ерусалим, а експлозии се слушаат над Тел Авив, додека израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ се обидува да ги пресретне.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека вечерва извршила напади врз десетици цели во Израел.
Израел попладнево лансираше нова серија напади врз Иран, повеќе од 12 часа откако ја започна операцијата „Исправен лав“, кога биле погодени десетици нуклеарни и воени мети. Во вториот бран биле нападнати уште две ирански нуклеарни постројки.
Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Израел започнал војна, но нема да му се дозволи да изведува напади без тешки последици.
„Иран ќе се одмазди. Ќе му нанесеме тешки удари на Израел. Нашата војска е подготвена за противнапад“, кажа тој во обраќањето до нацијата.