Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ја поддржа руската специјална операција во Украина, пишува Гардијан.
-Војната е сурова и тешка тема и Иран воопшто не е среќен што обичните луѓе страдаат поради тоа, но во случајот со Украина, да не преземевте иницијатива, другата страна ќе предизвикаше војна со своја иницијатива – рече Хамнеи во разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Иранскиот лидер истакна дека Русија и Иран мора повеќе да соработуваат за да ја намалат моќта на доларот.
Путин се согласи со ставот на Иран дека нема друг избор.
-Никој не е за војна, а загубата на животите на обичните луѓе е голема трагедија, но однесувањето на Западот не принуди да немаме друг избор освен да реагираме – најави рускиот претседател.
Тој изјави дека некои европски земји му потврдиле дека се против членството на Украина во Северноатлантскиот пакт, но дека врз нив бил извршен притисок од Вашингтон.