Иран исклучен од Комисијата на ОН за правата на жените

by Fokus

Иран денеска на предлог на САД, беше исклучен од учество во работата на Комисијата на ОН за статусот на жените, поради кршење на правата на жените и девојките за време на насилното задушување на протестите во таа земја.
Економскиот и социјалниот совет на ОН (ECOSOC) што има 54 членки, усвои Резолуција изготвена од САД, со која се наредува итно суспендирање на учеството на Иран во Комисијата за статусот на жените до крајот на мандатот на тоа тело во 2026 година.

За исклучување на Иран гласаа 29 членки на ECOSOC, осум беа против, а останатите 16 беа воздржани.

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, пред гласањето изјави дека членството на Иран го поткопува кредибилитетот на Комисијата.

Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, го оцени потегот на САД како незаконски и насилен.

Иран, 17 други држави и Палестинците во писмото до ECOSOC во понеделникот рекоа дека гласањето несомнено ќе постави непосакуван преседан, што на крајот ќе ги спречи другите земји-членки со различни култури, обичаи и традиции да придонесат во активностите на таквите комисии.

Само пет држави од потписниците на писмото се членки на ECOSOC и можеа да се изјаснат на денешното гласање

Поврзани новости