Иран: И да не бомбардираат, не се откажуваме од нашите цели

by fokus

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран нема да попушти под притисокот на САД и нема да се откаже од своите цели, дури и ако Иран биде бомбардиран.
Тој изјавата ја даде за време на церемонијата во спомен на иранско-ирачката војна во 80-тите на минатиот век.

-Ние мораме да се спротивставиме, а нашите непријатели треба да знаат дека и кога ќе ја бомбардираат нашата земја, и кога нашите деца ќе бидат убивани, ранети или уапсени, ние нема да се откажеме од нашите цели, независноста на нашата земја и нашата гордост, истакна иранскиот претседател.

Тензиите меѓу Иран и САД се заострени веќе неколку недели, а иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера ги критикуваше претседателот Хасан Рохани и министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф дека тие не го спровеле договорот за нуклеарната програма така како што тој сакал.

Али Хамнеи првпат ги критикува државните функционери сред тензиите меѓу Техеран и Вашингтон.

Ајатолахот го има последниот збор во носењето одлуки, а неговите изјави укажуваат на внатрешен притисок со кој Рохани и Зариф се соочуваат поради тензиите меѓу Иран и САД.

Поврзани новости