Иран го осуди на смрт најдобриот фудбалер на земјата

by fokus

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи (53) е осуден на смрт, објави азербејџанскиот медиум Report.

Тие тврдат дека Даеи бил осуден за учество во протестите за смртта на Махса Амини, 22-годишна Курдка која беше уапсена откако наводно го прекршила кодексот на облекување во земјата.
Нејзината смрт беше објавена на 16 септември. Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше информацијата.

Даеи е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација. Кон крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“. „На Даеи му беше одземен пасошот поради тоа што го напиша на Инстаграм“, објави реформистичкиот весник Хамихан.

„Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, тој ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината“, рече неговиот брат Мохамед.

Поврзани новости