416
Иран дополнително ги зголемил залихите на високо збогатен ураниум, прекршувајќи го договорот со светските сили од 2015 година, соопшти Организацијата за атомска енергија на Обединетите нации.
Во доверливиот квартален извештај доставен до земјите-членки, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) наведува дека Иран, според проценките, има залихи од 33,2 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е повеќе од 15,5 килограми во споредба со ноември.