Иран бара итна седница на Советот за безбедност: Министерот за надворешни работи објави слики од убиените војници

by Fokus

Иран го задржува правото да одговори на „криминалната агресија“ на Израел, му порача министерот за надворешни работи Абас Аракчи на генералниот секретар на Обединетите нации во писмо со барање за итен состанок на Советот за безбедност, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до шефот на ОН и шефот на Советот за безбедност во кое бара итен состанок на Советот за безбедност со цел да се заземе решителна позиција во осудата на израелската агресија, се наведува во соопштението на министерството.

Тој рече дека „повеќето од испуканите проектили биле пресретнати од иранскиот одбранбен систем“, но нападот предизвикал штета во одредени области, како и смртта на четворица војници чии фотографии ги објавил на Твитер.

Арагчи рече дека израелскиот напад е јасно кршење на суверенитетот на Иран, кој го задржува неотуѓивото право да одговори на оваа криминална агресија.

Израелската војска соопшти дека ги погодила иранските ракетни фабрики, ракетни фрлачи и други системи во неколку региони и го предупреди Техеран да не реагира.

Иран го минимизираше нападот, велејќи дека предизвикал ограничена штета на неколку радарски системи, сигнализирајќи, како што велат набљудувачите, неподготвеноста на Техеран дополнително да ескалира.

Поврзани новости