Ирак привремено ја одзеде лиценцата на Ројтерс поради вест за коронавирус

by Fokus

Ирак привремено и ја укина дозволата за емитување на британската агенција Ројтерс, откако објавила сторија во која се тврди дека бројот на заразени со коронавирусот во земјата е поголем од официјалните податоци.

Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ), според Ројтерс, привремено и ја одземала лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21.000 американски долари) за прекршувања на правилата за медиумско известување.

Ројтерс доби наредба од ЦМЦ и да издаде официјално извинување за јавноста поради објавената вест.

Поврзани новости